Во ударот на рускиот бомбардер во зграда загинаа 13 лица

Според последните податоци спасувачите извлекле тела на 13 луѓе, од кои тројца деца, од деветкатницата во јужниот руски град Ејиск, во кој удри бомбардер „Су-34“ во понеделникот доцна попладнето во текот на тренажен лет од блискиот воен аеродром.

Помошникот на министерот за здравство, Алексеј Кузнецов, изјави дека 19 лица се уште повредени, од коишто четири се благовремено пренесени во регионалниот медицински центар во Краснодар, а другите се на лекување во болницата во Ејис.

Од Министерството за вонредни ситуации го потврдиле бројот на жртвите, и додале дека е завршена операцијата не пребарување и спасување, при што биле извлечени 68 лица, а претходно биле евакуирани 360 лица од кои најмалку 40 деца.

Според прелиминарните податоци од истрагата, набрзо по полетувањето пилотите пријавиле дека се запалил моторот, а откако двајцата се катапултирале авоинот паднал пред зградата, по што бил предизвикан пожар откако се запалило горивото во леталото.

Воениот информативен канал „Звезда“ објави снимка на која се гледаат блесоци на авионот „Сухој Су-34“, суперсоничен бомбардер со среден долет и падобраните на пилотите.

Снимките од местото на падот покажуваат голем дел од станбениот блок во пламен, кој вечерта беше изгаснат. Регионалниот гувернер Венијамин Кондратиев изјави дека пожарот зафатил пет од деветте ката во којашто живееле 600 лица, како и дека 17 станови се оштетени. Најмалку 250 луѓе, од нив 40 деца, биле евакуирани веднаш по ударот за кој сѐ уште не е јасно дали бил директно во зградата или во дворот. Претходно беше соопштено дека авионот се урнал пред зградата а дека пожарот избувнал по експлозија на резервоарот.

Кондрјатов ги негираше извештаите на западните медиуми дека авионот носел муниција. „Доколку беше така, би останало само половина од зградата“, изјави за агенцијата РИА: