Во УКИМ ќе се формира Центар за дијаспора и миграции

24

Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија,  задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Никола Јанкуловски, денеска во просториите на УКИМ потпишаа Меморандум за соработка.

Овој меморандум предвидува соработка за взаемни активности и соработка во советодавна поддршка за развој на политики и стратешки документи за дијаспората формирање Центар за дијаспора и миграции во рамки на УКИМ и поддршка во ефективен ангажман на дијаспората.

Меморандумот исто така предвидува и други сродни работи во координација и со договор помеѓу страните.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.