Во Украина ќе му се суди на руски војни обвинет за силување

Во Украина во четвртокот е одржано подготвително рочиште во рамките на судење на руски војник обвинет за наводно силување на Украина во текот на руската офанзива, што според украинските власти е „првиот од десетици такви случаи“.

Осомничен е извесен 32-годишен руски војник идентификуван како Михаил Романов, кој не е во украински притвор па ќе му се суди во отсуство. Тој е обвинет за наводно убиство на цивил во Киевската област на 9-ти март и повеќекратно силување на сопругата на убиената, според судската документација.

Војникот е обвинет за силување на 33-годишна жена откако тој и друг руски војник го убиле нејзиниот сопруг Олексиј кај Бохданивка крај Киев. Според обвинението тие двајца војници потоа си заминале за повторно да се вратат и жената двапати да ја силуваат. Украинските власти не го знаат идентитетот на другиот војник.

Наводната жртва на силувањето барала судењето да биде затворено за јавноста, бидејќи сакала да избегне објавување поединости за неа и нејзиното семејство, изјавила обвинителката Оксана Каљус за новинарите по прелиминарното рочиште на судот во Киев.

Додала дека украински власти веруваат дека Романов е во Русија. Иако таму не може да биде уапсен, би можел да биде приведен во друга земја доколку биде прогласен виновен, рекла Каљус

„Ако ја мине границата, ќе биде уапсен и испорачан на Украина“, вели обвинителката.

Украински обвинител кој работи на случаи на сексуално насилство рекол за Reuters дека се истражуваат 50 такви злосторства, но дека „вистинскиот број веројатно е многу поголем, бидејќи жртвите се плашат да пријават во полицијата поради страв од одмазда од Русија и стигма“.

Нема информации дали украинското обвинителство ги истражува и сличните обвинувања за масовни силувања и погубувања девојчиња и млади жени од почетокот на граѓанската војна пролетта 2014 година изведени од паравоените радикални единици подоцна вклучени во украинската војска, за што обвинуваат во одметнатите југоисточни региони Доњецк и Луганск.

Украина вели дека истражува илјадници потенцијални воени злосторства сторени во текот на руската воена интервенција од 24-ти февруари. Главната обвинителка Ирина Венедиктова рекла за Reuters дека многу осомничени наводно се во Русија, но некои руски војници кои се заробени во борбата се исто така осомничени.

 

И рускиот Истражен комитет повремено објавува дека се документираат наодите од сите места во кои контролата од украинската восјка ги преземаа сепаратистите и руската војска, поради сомневања во воени злосторства извршени од украинските сили. Во Москва тврадат дека се откриени повеќе масовни гробници во кои според наводите имало тела на коишто трагите укажувале на класични егзекутирање. Покрај тоа се истражуваат и снимките на егезкуции и масакрирање на телата на руските заробени и ранети војници, коишто на социјалните мрежи ги поставуваа самите украински борци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.