
Во Украина во изминатите 24 часа регистрирани се 276 смртни случаи, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата, изјави денеска украинскиот министер за здравство Максим Степанов.
Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 во Украина починаа вкупно 14.204 луѓе.
Во изминатото деноноќие во Украина потврдени се 12.585 новозаболени, со што вкупниот број се искачи на 845.343 инфицирани луѓе.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.