Во Украина се регистрирани 78 платеници од Македонија, објави руското Министерство за одбрана

Русија тврди дека 21 платеник од Македонија е убиен од почетокот на, како што ја нарекува, „специјалната воена операција во Украина. Руското Министерство за одбрана објави податоци според кои во Украина од 24 февруари регистрирани се 79 платеници од Македонија, пренесе ТАСС.

Според податоците, 19 ја напуштиле земјата, а во моментот таму има уште 39 македонски државјани.

Според табелата која ја објави Министерството, досега во Украина влегле 6.956 платеници од странство, од кои животот го загубиле 1.956, заминале 1.779, а останале 3.211.

Рекордер според бројот на платеници е Полска со 1.831, од кои загинале 378, 272 се вратиле назад, а се уште војуваат 1.181.

Од регионов во Украина пристигнале 204 платеници, 74 го загубиле животот, 51 ја напуштиле земјата, а 79 сѐ уште се на боиштата. Од БиХ се пристигнати 167 платеници, убиено е 51 лице, 46 си заминале, а таму има останато 70 борци.  Од Косово и Албанија се пристигнати по 156, односно 150 платеници, загинати се 61 и 42 борци, си заминале 60 и 40 лица, а останати се 35 и 68. Од Грција пристигнале четири борци, еден загинал, двајца се вратиле, а еден останал, а пак од Црна Гора дошле двајца платеници, еден загинал, а другиот сѐ уште се бори во Украина.

После Полска, Романија е втора, бидејќи 504 романски платеници им се приклучија на украинските војници, 102 загинаа, а 98 ја напуштија Украина.

Следува Велика Британија со 422 платеници кои пристигнаа, 101 загинаа и 95 кои ја напуштија Украина.

Канада е главниот „добавувач“ на платеници од американскиот континент бидејќи 601 нејзин државјанин влегле во Украина од февруари, додека 162 од нив загинале, а 169 ја напуштиле земјата.

САД се втори со 530 пристигнати, 214 загинати и 227 платеници кои ја напуштиле Украина.

– Од Блискиот Исток, Јужен Кавказ и Азија, најмногу 355 платеници дојдоа од Грузија, од кои 120 беа убиени, а 90 ја напуштија Украина. По ова следат милитанти на терористички формации префрлени од областите на сирискиот Еуфрат под контрола на САД – 200 лица. Од денеска (петок) 80 од нив се убиени, а 66 ја напуштиле Украина – рече Конашенков.

Списокот на руското Министерство за одбрана вклучува 3.221 платеници и специјалисти од 64 земји, рече портпаролот.