Во јули измерена годишна инфлација од 16 отсто

Годишната инфлација во земјава во јули 2022 година се искачи на 16 отсто, додека индексот на трошоците на живот за само ден мeсец, од јуни до јули годинава, се повисoки за 1,9 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Индексот на цените на мало, пак, бележи зголемување од 14 отсто во јули 2022 година, споредено со истиот месец минатата година. Додека, цените на мало во јули, во однос на јуни, скокнале за 2,5 отсто.

Најголем пораст кај трошоците на живот во јули, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 4,8 отсто, сирењето и урдата за 4,5 отсто, млекото за 3,6 отсто, свежото и разладеното овошје за 2,9 отсто, виното за 2,5 отсто и месото за 1,8 отсто. Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот во однос на јуни е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 36,5 отсто, туристичките аранжмани за 11,3 отсто, електричната енергија за 9,9 отсто, поправката на апаратите за домаќинствата за 8,8 отсто и услугите за сместување за 5,9 отсто. Услугите за сместување за пораснале за 5.9 отсто, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2.4 отсто, велосипедите за 2.3 оттсо, течните горива за домаќинствата, цврстите горива за 1.8 отсто и друго.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 6.4 отсто, рибата и морските плодови за 1.8 отсто и маслото и маснотиите за 1.6 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.