Во јули најмногу туристи од Србија, Турција и Полска

Во државава во јули годинава се регистрирани 169.449 туристи, од кои 54 отсто се домашни, а 46 отсто се странски туристи, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во јули 2022 година изнесува 700.629, од кои 74,3 отсто се од домашните туристи, а 25,7 потсто од странските.

Во јули годинава имало најмногу туристи од Турција, 12. 841, по што следат Србија 9.393, Полска  5. 412, Германија 3.698, САД  2.721, Бугарија 2.286, Словенија 2.099, Грција 1. 828…Од вкупниот број туристи во јули годинава, над 105.000 биле во езерските места, а над 36.000 во главниот град. Хотелско сместување користење 99.000, а над 56.000 се сместиле во куќи, станови за одмор и соби за издавање

Во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 53,3  отсто,  при што кај домашните туристи има зголемување за 13,7 отсто, а кај странските зголемувањето е за 109,9 отсто.

Кај ноќевањата во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, има зголемување за 34,6 отсто, кај домашните за 9,8 отсто, а кај странските зголемувањето е за 95,9  отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.