Во Јунајтед веќе се убедени дека Погба го одиграл својот последен натпревар за клубот

38

Раководството и фудбалерите на Манчестер Јунајтед веќе се целосно убедени дека Пол Погба го одиграл својот последен натпревар за клубот, пренесува „Мирор“.

Французинот е аут од 30 септември, откако лекуваше повреда на глуждот подолго време.

Рекордната набавка на „црвените ѓаволи“ требаше да се врати оваа недела, но мистериозната болест уште еднаш го одложи тој момент. Оле Гунар Солскјер, секоја недела зборува за тоа дека едвај чека Пол Погба да се врати во составот, но соиграчите на Французинот веќе се уверени дека повеќе нема да го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Официјалниот став на клубот сè уште е дека Погба не е на продажба, но во јануари Французинот повторно ќе се обиде да го исфорсира неговиот евентуален трансфер во Реал Мадрид. Ако шпанскиот гигант се согласи да плати 150 милиони фунти што ги бараат од „Олд Трафорд“, многу е веројатно дека раководството на клубот може да одлучи да се раздели со вечно незадоволниот Французин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.