Во Универзитетската библиотека плати зголемени за 200 до 400 денари

Едни добиле повисоки плати и до 10.000, други покачување за само 250 денари. Десетина вработени во Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски“  се разочарани и револтирани од драстичната разлика во зголемените месечни приходи со нивелирањето на платите во културата.

Во НУБ “Св. Климент Охридски“ има вработено околу 100 луѓе, кај некои покачувањето е од 4-10.000 денари, а за десетина лица е од 250-500 денари, изјави во прилогот на телевиијата Сител, Баже Марковски, вработен во НУБ “Св. Климент Охридски“.

Требаше да се најде некоја ставка и за нас. Имаше колеги кои имаа помали плати од нас и со второт покачување сега зимаат поголеми плати од нас, а ние останавме исто, изјави Роберт Божиновски, исто така, вработен во НУБ “Св. Климент Охридски“.

Божиновски и Марковски имаат повеќе од три  децении работен стаж. Велат дека со минимална плата тешко се преживува.

Имам 39 години работен стаж, со 13.500денари плата не може само сметки да подмириме, рече Марковски. Како би работеле во иста установа кога една група сме незадоволни, додаде Божиновски.

За нивното незадоволство ги известиле директорот, министерството за култура, Владата, Народниот правобранител.

Во Национална галерија нашле ставка, можат и за нас да најдат ставка, изјави Божиновски. Зошто да бидеме дискриминирани само ние, рече Марковски.

Од министерството за култура одговориле дека не се работи за покачување туку за порамнување на платите на исто работно место по коефициенти по дејности, и не станувало збор за потпишување нов колективен договор. Од ресорното министерство тврдат дека станувало збор само за петмина вработени во библиотеката со минимални плати кои не биле опфатени со процесот на нивелација.

тежината на работното место со соодветна висина на коефициент ќе се решава со нов колективен договор кој ќе се усвои по донесувањето на новиот закон за јавен интерес во културата кој е во напредна фаза, велат од министерството за култура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.