Во Уругвај се уапсени четири лица по заплена на 6 тони кокаин

35

Четири лица се уапсени поради евентуална поврзаност со шверц со шест тони кокаин вреден повеќе од милијарда американски долари неодамна запленет во Уругвај.

Рекордната заплена е најголем удар за шверцерите на дрога во историјата на земјата, соопштија официјалните лица. Локалните медиуми објавија дека осомничените биле уапсени во саботата.

– Полицијата пронајде 5,9 тони кокаин, од кои 4,4 тони беа скриени во вреќи со брашно од соја во контејнери за товар на пристаништето во Монтевидео, рече јавниот обвинител Енрике Родригез.

Тој не прецизираше каде дрогата требало да биде испратена, но локалните медиуми објавија дека нејзината дестинација е Африка.

Уругвајската полиција пронајде уште еден тон кокаин на еден ранч.

Уругвај се повеќе се користи како транзитна рута за дрога од Латинска Америка во Африка и Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.