Во Уругвај уапсен мафијаш баран над две децении

Роко Морабито, Италијанец по кој правосусдството во неговата татковина трага од 1995 година поради криумчарење дроги и мафијашки активности, уапсен е во неделата во хотел во уругвајската престолнина Монтевидео, соопшти уругвајското министерство за внатрешни работи.

Членот на Н’дрангета, калабриската мафија, Роко Морабито, Италија го бара од 1995 година, а Интерпол по него издал ткн „црвена потерница“ поради тоа што во периодот од 1988 до 1994 година ѝ припаѓал на криминална организација којашто се занимавала со меѓународно криумчарење дроги, се додава во соопштението на уругвајското министерство.

Во соопштението, исто така, се наведува дека 51-годишниот Морабито, покрај другите кривични дела, осигурувал снабдување со дроги во Италија, нивно продавање во Милано и дека во 1992 година од Бразил се обидел да увезе 592 килограми кокаин и 630 килограми во следната 1993 година.

Според полициските извори, Роко Морабито последните 13 години живеел во Уругвај, во летувалиштето Пунта дел Есте, каде што е откриен кога својата ќерка ја запишал во средно училиште под вистинското име. По шестмесечна истрага било утврдено дека овој италијански државјанин издејствувал уругвајски документи приложувајќи бразилски пасош на име Франциско Капалето.

Во текот на апсењето на Морабито и неговата сопруга, полицијците заплениле пиштол, едно парче студено оружје, 13 мобилни телефони, 12 банкарски картички, два автомобила, португалски пасоши, накит и чековна книшка на долари.

Додека се обработива италијанскот барање за екстрадиција, Морабито три месеца ќе мине во уругвајски затвор, поради поседување лажни исправи и кражба на идентитет.