Во Утрехт премиерно изведен мјузиклот „Меркел“

Долгогодишната германска канцеларка Ангела Меркел ги вдахновила холандските уметници да компнираат мјузикл во електро-вагнеријански стил, чија претпремиера била одржана во четвртокот вечерта во Утрехт.

Главна темаа на либретото е борбата на Меркел со тешкотиите со кои се среќавала во текот на гоелмата мигрантска криза во 2015 година. Режисерката Флор Хоувинк тне Кате и продукциската куќа „ Nineties Productions“ делото го опишуваат како ода за борбата на една од највлијателните жени на светот на денешницата.

Ликот на канцеларката Меркел во мјузиклот ќе го толкува актерот Бенџамин Моен, а го сочинуваат повеќе сегменти: нејзините говори, информациите добиени од лица блиски на политичарката, спомени од детството, но и фиктивни настани. Ова сценско музичко дело во петокот ја започна турнејата по холандските градови.

Сега 64-годишната германска канцеларка е на власт од 2005 година. Во текот на бурната политичка кариера успеа да го одржи скромниот јавен имиџ. По 13 години на чело на најголемата европска економија, под притисок од нејзините конзервативци, Меркел се согласи дека актуелниот мандат кој и истекува во 2021 година ќе ѝ биде последен и направи преседан отстапувајќи на половина од мандатот од челното место на нејзината Христијанско-демократска унија (CDU).