Во Јужна Кореја 114 новозаболени од коронавирусот, најмалку во две седмици

Јужнокорејските власти објавија во четвртокот најмал број на новозаразени со коронавирусот во две седмициа – 114 инфицирани и шест починати лица, пренесува новинската агенција Yonhap.

Со тоа, вкупниот број заразаени во оваа земја достигна 7.869 лица, од кои починале 66, според податоците кои ги објави јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болестите.

Најголемиот дел од случаите се концентрорани во југоисточниот град Даегу, и блиската покраина Северен Гионгсанг. Поголем дела од заразите се поврзани со следбениците на една христијанска секта во Даегу.

Меѓутоа, во текот на изминатата ноќ потврдени се 19 случаи во главниот град Сеул. Во јужнокорејската престолнина најмалку 102 лица од кол-центар биле позитивни на коронавирусот, што ги поттикан стравовите дека епидемијата земала замав и во Сеул. Речиси 800 луѓе работата во тој кол-центар и 200 станари во таа зграда биле позитивни на вируост, изјавил градоначалникот на Сеул, Парк Вон-сун.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.