Во Велес изложба со портрети на Гоце Делчев од академскиот сликар Ангел Петров

Фондацијата за култура „Ангел Петров“ – Велес, по повод 4-ти февруари Денот на раѓањето на Гоце Делчев, денеска во салата на Здружението на пензионери  отвори изложба на портрети од Гоце Делчев од велешкиот академски сликар Ангел Петров.

На изложбата која е 58 по ред на Ангел Петров, беа претставени 23 портрети на Гоце Делчев изработени во техника пaстел,масло,молив,туш и коmбинирана техника.

Како што појаснуваат од Фондацијата „Ангел Петров“ на изложбата се поместени само дел од портретите од богататa колекција на уметникот изработена во изминатите 30 тина години која брои над педесет дела – портрети на Гоце Делчев.

На авторот ликовниот уметник Ангел Петров,кој твори над 60 години ликот на Гоце Делчев заедно со ликот на Кочо Рацин му е еден од најомилените.На  двата портрети тој   многупати  се навраќа со  нови  и различни портрети и техники .

 

Дел од портретите на Гоце Делчев од  оваа изложба  и досега биле поставена на повеќе локации  и изложби  во градот, а првично беа претставени  пред седум години на изложба поставена  во тремот  на куќата на авторот