Во велешката болница почина 75-годишна пациентка, хоспитализирани 46 пациенти

Во Општата болница во Велес хоспитализирани се во моментов 46 пациенти, од кои 28 се потврдени позитивни на коронавирусот, непотврдени се двајца, а негативни се 16 но тие болнички се лекуваат сѐ уште поради влошена здравствена состојба.

На кислородна поддршка се 14 пациенти, информираше портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Утрово почина пациентка на 75 -годишна возраст од Велес, лекувана четири дена на Инфективното одделение.  На ова одделение  има 35 пациенти, а на одделот за физикална терапија четворица.

На двете ковид-одделенија има слободни места. Интерно Б крак има  седум пациенти кои се лекуваат со последици по прележан Covid-19.  Испишани се и пет оздравени пациенти