Во Велика Британија од коронавирусот досега починале 144 лица

Бројот на починати од коронавирусот во Велика Британија денеска се зголеми на 144, а досега се заразени 3.269 лица.

Британскиот премиерот Борис Џонсон изјави дека трендот може да се промени во наредните 12 недели, но само доколку граѓаните ги следат препораките на Владата.

– Не можам да кажам дека до крајот на јуни ќе бидеме во пад. Можно е, рече тој.

Џонсон најави и дека Британија преговара за купување тестови на антитела, како што се тестовите за бременост, за да се провери дали луѓето имаат коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.