Во Велика Британија се шири нова варијанта на коронавирусот

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, изјави дека е идентификувана нова варијанта на корона вирусот.

Според него, тоа може да го објасни скокот во случаите на југот на Англија, пренесува „Гардијан“.

-Идентификувавме нова варијанта на коронавирусот, што може да е поврзано со рапидното зголемување на бројот на пациенти на југо-истокот на Англија – изјави Хенкок.

Првичната анализа сугерира дека оваа варијанта се развива побрзо од постојните варијанти.

-Во моментов идентификувавме повеќе од 1.000 случаи со оваа варијанта, претежно во јужниот дел на Англија, иако се идентификувани такви случаи во скоро 60 различни локални области и бројот рапидно расте – информира Министерот.

Хенкок вели дека е известена Светската здравствена организација.

Тој уште истакна дека здравствените експерти оценуваат дека е „многу неверојатно“ дека вакцината нема да функционира на новата варијанта, но дополни дека се прават дополнителни тестови за да се утврди евентуална резистентност.