Во Венецуела ќе биде формиран Совет за човекови права

Во Венецуела во согласност со предлогот на Унијата на јужноамериканските нации (УНАСУР) ќе биде формиран Совет за човекови права, пренесе „Россискаја газета“, повикувајќи се на изјава на потпретседателот на републиката, Хорхе Ареас.

„Претседателот Николас Мадуро во разговор со министерката за надворешни работи на Колумбија, Марија Анхела Олгин веднаш го прифати овој предлог, како и голем број други“, изјавил Ареас.

Создадениот совет ќе се занимава со прифаќање на петиции и жалби, поврзани со можни прекршувања на човековите права. Во неговиот состав ќе влезат и членови на јавни и непрофитни организации .