Во верижен судар на патот Струмица – Радовиш загина 34-годишен струмичанец

34 годишен струмичанец загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица – Радовиш. Несреќата се случила синоќа околу 19.00 часот кај населеното место Василево откако се судриле три патнички возила, опел астра управуван од 55 годишен скопјанец, фоксфаген пасат управуван од 34 годишниот струмичанец и ауди. Според очевидци, автомобилот опел астра бегал од полиција, затоа што пренесувал мигранти.

Полицијата информира дека во автомобилот опел астра се пренесувале 11 мигранти. Заедно со шоферот и сопатникот од другиот автомобил се пренесени во медицинскиот центар во Струмица каде им е укажана прва помош. Потешко се повредени три лица, додека петмина се здобиле со полесни повреди.

Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица. Причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат.