ФОТО| Во Виена Османи ја презентира македонската програма за претседавање со ОБСЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, започна денеска во Виена со презентацијата на македонската програма за претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Според најавите на нашето МНР, Османи пред Постојаниот совет на ОБСЕ зборува за предизвиците со кои се соочува оваа организација, како и визијата и плановите на Македонија како претседавач во 2023-тата година.

„За време на неговата посета на Виена, министерот Османи ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Австрија, земјата-домаќин на ОБСЕ. Исто така, тој ќе реализира билатерална средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Алаин Берсет.  На средбите ќе се разменат мислења за актуелните случувања во регионот на ОБСЕ, и за улогата на ОБСЕ справувањето со последиците предизвикани со агресијата на Руската федерација врз Украина“ се вели во соопштението од МНР.