Во Виетнам измерени рекордни 44 степени

Виетнам регистрираше рекордна висока температура од 44 степени Целзиусови, што ги натера метеоролошките експерти и властите да им сугерираат на жителите да останат во затворен простор во најтоплите делови од денот.
Научниците велат дека глобалното затоплување дополнително ги фаворизира високите температури.
Националниот центар за хидрометеоролошки прогнози соопшти дека виетнамскиот рекорд бил измерен во затворен простор во саботата на станицата Хои Ксуан во северната провинција Тан Хоа, соборувајќи го рекордот од 2019 година од 43 степени. И соседните земји забележаа рекордни температури за време на азискиот топлотен бран во април.
Властите, исто така, му наложија на градското водоводно претпријатие да обезбеди соодветно снабдување со вода за домашна употреба. Во саботата, центарот на Ханој беше речиси празен напладне бидејќи многу луѓе останаа во затворени простории за да го избегнат сонцето.
Понатаму на запад, Дака, главниот град на Бангладеш, ја забележа највисоката температура од 1960-тите.
Инаку, во многу земји на европскиот и азискиот континент од минатиот месец преовладуваат високи температури, над просекот за овој период од годината. Поради оваа причина, се претпоставува дека 2023 година ќе биде потопла од претходната, која веќе е рекордна според измерените температурни вредности.