Најдолгиот мост на светот со стаклен под беше отворен во петокот за сите патници кои се подготвени да го поминат меѓу две планини во Виетнам.
Изграден е во планините на северот од Виетнам. „Мостот на белиот змеј“, како што е наречен, е најновата атракција во планинската област, која се смета за една од најпопуларните туристички дестинации во земјата.
Овој мост е отворен по повод 47-годишнината од крајот на виетнамската војна, долг е 632 метри и се состои од три слоја на стакло со дебелина од 40 милиметри.
Дури и да се скрши стаклото, мостот сепак може да издржи тежина од пет тони. Се наоѓа на 150 метри надморска височина и бил тестиран со поминување на тешки камиони и автомобили.
Се протега во долината меѓу две планини и може да издржи тежина од најмалку 500 луѓе да одат по него.