Во возбудливиот финиш Валенсија го совлада Леванте

Во градското дерби од првото коло на шпанското фудбалско првенство, Валенсија на својот стадиот го победи Леванте со 4:2.

Леванте двапати беше во водство, но „Лилјаците“ сепак славеа со двата погодока во последните петнаесетина минути од натпреварот.

Леванте поведе уште во првата минута со погодокот на Хозе Моралес, но веќе во 12 минута Паулиста израмни за Валенсија. Моралес во 36 минута уште еднаш ги доведе гостите во водство, а по само три минути повторно израмни Макси Гомез. Валенсија, сепак, дојде до победата во финишoт со погодоците на Ману Ваљехо во 75 и во четвртата минута од судиското продолжение.

Во другите натпревари Бетис дојде до победата на гостувањето кај Алавес во последните моменти од мечот со голот на Тељо, дека Вајадолид и Реал Сосиедад одиграа 1:1. Идентичен резултат беше постигнат и на дуелот меѓу Вилјареал и Хуеска, на кој на клупата на „Жолтата подморница“ дебитираше Унаи Емери. Хуеска, која прва поведе, во последните минути имаше колонална шанса, но погодокот беше поништен поради недозволена позиција.