Во Врање се вакцинирани 11.540 со прва доза и со втора 8.306 македонски граѓани

Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11.540, додека со втората доза вакцинирани се 8.306 македонски граѓани.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, додека помал број ги добиле вакцините на „Фајзер“, „Спутник В“ и „АстраЗенека“.

Според податоците од Здравствениот центар во Врање, до 14 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во овој град изнесува 74.762.