Во Врање се воведува вонредна состојба

Во Врање се воведува вонредна состојба поради зголемиот број на новоинфицирани лица со коронавирусот – решил Кризниот штаб во овој град, јавија српските медиуми.

Центарот за јавно здравје во Врање ја оценил состојбата во градот за нестабилна и тешка, по што паднала одлуката за воведување на вонредна состојба и тоа само половина час по сигналот од Белград ,каде заседавал републичкиот Кризен штаб.

Во Врање ќе бидат засилени сите мерки од локалната самоуправа, но ќе се применат и денешните коишто ги препорачува Кризниот штаб. од Белград.

Засега нема ограничување на движењето и работата на угостителските објекти.