Во втората сезона на „Танц со ѕвездите“ ќе ги гледаме Франц,Накова, Сара Мејс, Влатко Илиевски…

Се’ е подготвено за втората сезона на популарното шоу „Танц со ѕвездите“.

За две недели на првата програма на Македонската телевизија своите танцувачки способности ќе ги покажат помеѓу водителот Димитар Атанасовски, каратистката Наташа Илиевска, пејачката Сара Мејс, ватерполистот и фотомодел Стефан Лошковски, пливачката Наташа Мешковска, презентерката Маријана Димовска, музичарот Владимир Крстевски- Франц, моделот Александра Накова, актерот Мартин Јордановски и актерот и пејач Влатко Илиевски и секако нивните професионални танц-партнери.

Шоуменот Тони Михајловски повторно ќе го води шоуто, а неговата партнерка останува изненадување.

 

Во првата сезона победничката титула ја однесоа кајакарот Атанас Николовски и неговата партнерка  Јована.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.