Во Вухан слета првиот авион на меѓународен лет од јануари

30

Во градот Вухан во централна Кина, првото место каде што кон крајот на декември 2019 година беше пријавен првиот случај на новиот коронавирус, слета првиот авион на меѓународен лет од јануари кога аеродромот беше затворен.

Според официјалните податоци, близу 3.900 лица починале до Covid-19 во Вухан, или 80 отсто од 4.634 починати во Кина. Градот од 23-ти јануари беше во карантин подолго од два месеца. Градската управа потоа организирањп тестирање на сите повеќе од 11 милиони жители.

Кина од крајот на март драстично ги намали своите воздухопловни врски со остатокот на светот за да го ограничи доаѓањето на зараените што би можело повторни да започне епидемија на нејзината територија.

Земјата од тогаш во голема мерка го сузби Covid-19 со мерките за ограничено движење на населнието, строгиот карантин, масовните тестирања, следење на контактите и носењето заштитни маски. Во Кина во последните месеци се забележуваат само по неколку случаи на зараза со коронавирусот на дневно ниво.

Авионот на јужнокорејската нискобуџетна воздухопловна компанија „T’way“ слетал во средата на меѓународниот аеродром Тианхе со 60 патници, објави државната телевизија CCTV. Според снимките кои беа објавени, патниците носеле маски, а полицајците и заштитни комбинизини и визири додека ги контролирале пасошите. Патниците кои пристигнуваат во Вухан од странство мора да покажат негативен резултат на тестот на коронавирусот, не постар од 72 часа, изјавил за телевизијата Ли Јижио, директор на локалната канцеларија за цивилно воздухопловство.

Кина и натаму го занрамува влезот на својата територија речиси за сите странци. Лицата кои пристигнуваат во земјата мора на сопствен трошок и да замине 14 дена во карантин. Аеродромот во Вухан беше отворен на почетокот од април и досега примаше само локални летови. Бројот на патниците и летовите на внатрешните линии се вратил на новото од пред епидемијата, според податоците од ародромот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.