Во вжештена атмосфера Мијалков и Јанкулоска му поставуваа прашања на поранешниот колега Трајковски

На денешното судење за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина” во Кривичниот суд во Скопје повеќе од три часа сведок, вработен во УБК одговараше на прашања од обвинителството, судот и одбраната за функционирањето на опремата за следење на комуникациите и нејзиното уништување.

Како што беше посочено под псевдонимот Лијаве во УБК се криеле преслушувани разговори за бизнисменот Велија Рамковски. Називите на прислушуваните таргети биле комбинација на слогови од името. Ова беше одговор на сведокот од УБК, Сашо Трајковски, на едно од прашањата на поранешен директор Сашо Мијалков. Поранешниот директор иронично му упати уште едно прашање, односно како знаел дека станува збор за Рамковски и како баш него го издвоил од 20 илјади таргети во системот. Поранешниот инжинер Трајковски објасни дека интервенирајќи на дефект во серверот случајно наишол и откако го кликнал аудиото слушнал како еден од  соговорниците вели Добро утро г-ине Рамковски.

Мијалков со прашања фрли сомнеж дека Трајковски знаел за дејствијата на свиркачите од УБК Ѓорги Лазаревски и Звонко Костовски, кои ги изнесоа прислушуваните разговори од Управата, но Трајковски негираше. Мијалков уште го праша сведокот зошто ако забележал дека има разговори без судска наредба не му пријавил нему, како директор. Трајковски не се осмелил да му каже, затоа што забележал дека комјпутер од канцеларијата на Мијалков има пристап до папката со назив „Важно“ во која биле и дел од нелагално прислушуваните разговори.

Еве дел од ниваните прашања и одговори.

С. Мијалков: „Дали имате докази за ова што го кажувате“?

С. Трајковски: „Јас сум сведок. Обивнителството и одбраната треба да даваат докази“.

С. Мијалков: „Дали јас сум можел да пристапам до своите разговори и да се слушам самиот себе“?

С. Трајковски: „Да“.

С. Мијалков: „Дали значи дека сум уживал да ги слушам сопствените разговори и не сум ги отстранил“?

Ова прашања судијката не го дозволи. Судијката реагираше до обвинетиот Мијалков дека не ги фромулира прашањата како што треба, за да бидат вкрстени прашања, но и дека го прекинува сведокот и не му дозволува да се искаже. Мијалков коментирап и дел од одговорите на сведокот, на што судиите му рекоа заблешките да ги чува за завршниот збор.

Во судницата на моменти се вжештуваше атмосферата и во исто време говореа повеќемина на висок тон. Мијалков бараше од сведокот, да појасни некои од неговите одговори во врска со техничката исправност и застареност на опремата, бидејќи, како што рече, имало доста недоследности во неговиот исказ сега со изјавите од претходните рочишта и останатите сведоци.

Обвинителството реагираше дека за тоа се води целата постапка и дека не може да се бара сведокот да одговара за нешто што е надвор од неговите овластувања, по што судот побара обвинетите да се држат до суштината и да ги преформулураат прашањата.

Мијлков регаираше возбудено и на судиите им рече: „Кажете да не се браниме ако не треба, донесете пресуда и готово“.

И поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како обвинета, одговараше и поставуваше прашања на денешното судење. Таа го праша сведокот зошто кога веќе знаел дека била еден од таргетите за следење не ја известил, бидејќи како министерка за внатрешни работи немала начин да знае дека била следена. Сведокот рече дека дознал дека таа е таргет преку содржина од смс-порака и не знал како да дојде до неа како министерка.

„Не знаев како да дојдам до Вас и да ви кажам. Не знаев како да дојдам и да Ви кажам, еј министеркe Ви ги слушаат разговорите“, рече сведокот.

Тој објасни дека како главен администратор задолжен за одржување на системот имал можност да види кој се бил таргет на следење и дека бил член на Комисијата што направила попис и донела одлука за опремата што треба да се ништи.

Претходно сведокот на прашања од обвинителката од СЈО Ленче Ристевска истакна дека изработил извештај за овие системи на барање на Горан Грујевски, кои откако му беа предочени, рече дека содржински се исти, но дека не се соодветствува датумот кога ги изработил.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Беговиќ, а застапник на обвинението е СЈО.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.