(ВИДЕО) Од револт кон Филипче и Заев кои возат мотори додека народ им умира, запалени две макети на мотори (ВИДЕО)

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред министерството за здравство како знак на револт кон министерот Венко Филипче и премиерот Зоран Заев беа запалени две макети нмотори, бидејќи додека народ им умира двајцата со мотори се возат низ Македонија.

На протестот под мотото „Здравје, а не провизија – Оставка на Филипче, за спас од неспособноста која убива“ уште еднаш беше побарана оставка од Филипче, поради неспособноста да се справи со Ковид пандемијата од која до сега од истата починаа голем број на македонски граѓани.