Во Запорожје се концентрирани платеници од 30 земји

Платеници од повеќе од 30 земји се стационирани во градот Запорожје на северот од јужниот регион Херсон кој сѐ уште е под контрола на украинската војска, соопшти во петокот претседателот на движењето „Ние сме заедно со Русија“, Владимир Рогов, по чија иницијатива тамошното руско и рускојазично мнозинство на референдум беше изгласано присоединување на Русија.

„Само во моето родно Запорожје сега се донесени платеници од повеќе од триесеттина земји, односно апсолутно целата олигархиска интернационала се бори против нас“, изјавил Рогов во текот на форум за политичка интеграција на „новите територии“, пренесува агенцијата ТАСС.

Додал дека само во регионот на Запорожје има илјадници Полјаци, кои од почетокот на војната во Украина се најбројните странски борци во редовите на украинските сили но и имаат најголеми жртви. На крајот од јули украинскиот парламент одобри „специјален статус“ за Полјаците со кој им се овозможува во Украина да престојуваат и да работат 18 месеци без специјални дозволи а ги имаат истите права како Украинците. Тогаш се појавија сомневањата дека законот е донесен специјално за полските воени лица да можат да учествуваат во украинските вооружени сили без Полска, како членка на НАТО, директно да биде поврзана со руско-украинскиот конфликт.

Притоа Рогов истакнал дека е јасно од „пресретнувањата на комуникациите, како и на радиокомуникацијата дека сите одлуки ги носат Британци“.

Истовремено, еден од челниците на проруските власти во Херсон, Кирил Стремоусов за телевизијата Россия 24 изјави дека странски платеници кои се борат на страната на Украина ги ликвидирале 16-те цивили во селото Великаја Александровка, за што извести претходно во петокот.

„Според еден жител на селото, кој сѐ уште не може да си дојде при себеси, 16 луѓе едноставно биле застрелани пред неговите очи. И покрај тоа што станува збор за обични луѓе“, рече Стремоусов.

Станува збор за село на северниот раб на Херсонската област кое се наоѓало во зоната меѓу борбените позиции на двете завојувани страни во кое влегле украинските сили.

„Не би сакал да кажам дека селото е под контрола на Вооружените сили на Украина, туку е под контрола на платеници од речиси целото НАТО, кои сега пристигнаа на украинска територија некриејќи ги своите задачи за убивање цивили. Оружјето на НАТО, маскирани војници на НАТО веќе се присутни на територијата на Херсонската област“ предупреди Стремоусов.