Во затвор поради навреда на турскиот премиер

Седумнаесет лица се осудени на една до две години затвор од страна на  турски суд поради навреда на премиерот Реџеп Таип Ердоган за време на протести.

Судот во Ескишехир посочил во пресудата дека групата со предумисла го навредила премиерот без да покаже ниту најмалку сожалување, наведува весникот „Хуриет“.

За време на протестите против здравствената политика на Владата на Ердоган, тие лица скандирале „Таип Ердоган, слуга на ММФ, слуга на работодавците“.