Во затворот во Штип пронајдена ќеса со прашкаста материја, полицијата го расчистува случајот

На 27.03.2021 во 08.04 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затвореното одделение – крило бр.3 во затворот била пронајдена ќеса со прашкаста материја.

Од страна на полициски службеници прашкастата материја била одземена за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.