Во завршна фаза се подготовките за започнување на процесот на чистење на линданот од малата депонија во ОХИС

Завршуваат подготвителните активности за отпочнување на процесот на чистење на малата депонија со линдан во ОХИС.

700 тони токсичен отпад и 900 тони контаминирана почва ќе се чистат од идната недела.

За оваа акција се одвоени девет милиони евра, дел обебедени од ЕУ.

Евроамбасадорот Гир смета дека заради војната во Украина и ковид пандемијата Европа е соочена со економски потешкотии но, не смее да се заборави на приоритетите за заштита на животната средина.