Во земјите од поранешна Југославија, Македонија води во смртноста од коронавирус

Просечната стапка на смртност од коронавирус во земјите од поранешна Југославија е 2,7 проценти.

Хрватските медиуми објавија листа која е најпоразителна за Република Македонија.

Бројот на потврдени случаи во сите шест држави е 7.170, додека вкупниот број на починати е 196 година, покажуваат вчерашните официјални податоци.

Стапката на смртност е највисока во Македонија (4,5 проценти). По нас е Босна и Херцеговина, со стапка на смртност од 4,1 процент.

Смртноста во Словенија е 3,7. Потоа следуваат Србија и Хрватска со 2,3 односно 1,7.

Најниска смртност има Црна Гора од 0.8%.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.