Во земјите на Западен Балкан лани имало прилив на гринфилд инвестиции од 9,36 милијарди долари

Во период од јуни 2018-та до мај 2019-та година во Македонија се слеани 184,4 милиони долари гринфилд странски инвестиции, што претставува раст од 200%, покажуваат податоците на fDi Intelligence, сервис на Financial Times.
Порталот нотира дека Западен Балкан во 2018 година забележа најголем прилив на гринфилд странски директни инвестиции во изминатите години, од 9,36 милијарди долари. И покрај тоа што регионот е надвор од Европската унија, сепак се привлечени 147 гринфилд инвестиции минатата година, што е најголем број во последните шест години.

Околу шест милијарди долари отпаѓаат на гринфилд странски директни инвестиции во Србија, или 70% од вкупните инвестиции. Уделот на Босна и Херцеговина изнесува 11,6%, додека Црна Гора привлекла 11 отсто од сите гринфилд инвестиции. Во Албанија по овој основ се слеале 809,9 милиони долари, што е 80% повеќе во однос на истиот период претходната година.