11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВО ЖИВО Христијан Мицкоски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот одржан конкрес.

ВМРО-ДПМНЕ денеска, на 17. редовен партиски конгрес, го реизбра Христијан Мицкоски за претседател. Тој беше и единствениот кандидат за лидерската позиција, а доби поддршка од 489 делегати.

Од присутни 493 делегати, гласале 492 од кои 489 за Мицкоски. Имало и три неважечки ливчиња.

На конгресот под мотото „Нова генерација за нова иднина“, ВМРО-ДПМНЕ најави нова доктрина и кадровски освежувања.

Моментално, претседателот Мицкоски има говор може да го проследите во продолжение.