(ВО ЖИВО) Протест „Доста е, излези за Македонија“ во Скопје и низ Македонија

Следете го во живо протестот на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Доста е, излези за Македонија“ во Скопје.

Од партијата велат дека се протестира против новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

Во Скопје протестот се одржува на три локации, крстосниците пред Градска болница, ТЦ Мавровка и НИП Нова Македонија, а протести има и во 9 други градови низ Македонија:

– Штип, кај кружен тек Нама,

– Велес, ул. 8ми Септември , центарот на градот кај споменикот Кочо Рацин,

– Кочани, ул. Раде Кратовче, веднаш до градскиот плоштад,

– Прилеп, Градска кафана ( зграда Општина Прилеп), булевар Гоце Делчев со улица Прилепски бранители,

– Струмица, ТЦ Глобал во центарот,

– Кавадарци, раскрсницата кај ООУ Гоце Делчев,

– Охрид, кружниот тек кај Охридска Банка,

– Битола, раскрсниците на ул. Димитар Илиевски Мурато со ул. Никола Тесла кај Гроздот,

– Кичево, раскрсницата кај Атва маркет и маркет Печак на ул. Борис Кидрич.