Во тек е протест пред Владата од кој е испраќа порака и се бара правда за Уставобранителите. Учесниците на протестoт се движат кон Собранието.
Учесниците протестираат за правда на затворените за случајот 27 април, кои се осудени за упадот во Собранието во 2017 година. Ова не е прв протест на уставобранителите.
Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на затворените за 27 април се политички монтирани. Тие бараат Врховен суд да го поништи судењето и да има ново, оти имало лажни сведоци.
Организаторите на протестот апелираа учесниците да се придржуваат до протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти базирани на етничка и верска основа.
Протестот можете да го следите на овие линкови: