ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно протестира против политиките на власта на СДСМ и Зоран Заев.
Протестот ќе се одвива на три локации, пред Владата, пред Министерството за правда и Министерството за надворешни работи со почеток во 17 часот.
Нетпрес протестот ќе го пренесува во живо.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат граѓаните да им се приклучат на блокадите.
-Го предупредуваме македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара. Да не молчиме. Бараме оставка на Заев, слобода на народот, велат од партијата.