(ВО ЖИВО) Жртвите од корона не се само бројка – на протест се бара оставка од Филипче

Секојдневната бројка на новозаразени и починати од КОВИД-19 алармира дека министерот за геноцид Филипче не е способен да ги заштити граѓаните. 12.002 активни случаи од КОВИД – 19 ја потврдуваат негрижата на Филипче за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека 1.071 починат не е само бројка, се работи за човечки живот, оставка од Филипче веднаш.

-ВМРО-ДПМНЕ денес во 18 часот пред Владата на Република Македонија ќе одржи настан на кој ќе побара веднаш оставка од Венко Филипче. Време е граѓаните да се заштитат од штетните политики на Венко Филипче. Граѓаните на Република Македонија не го заслужуваат ова. Тие заслужуваат подобар и поквалитетен живот, соопштуваат од партијата.

Протестот ќе може да го следите во живо од 18 часот на следниов линк: