ВО ЖИВО Изјава на Христијан Мицкоски во 16:30 часот пред Собранието на Република Македонија (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево во 16 , 30 часот се обрати од пред Собранието на Република Македонија.

Во моментов пред парламентарниот дом се одржува протест за одбрана на македонското име, додека внатре во собранието во 15 часот ќе се одржи седница на која треба да се расправа за уставните измени.

На дневен ред се предлог- амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог- уставниот закон за прогласување на амандманите, што претставува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.