6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

(ВО ЖИВО) Протест „Бојкотирам уставни измени“

„Бојкотирам уставни измени“ под ова мото, во 18 часот започна протест пред македонското Собрание.  И покрај лошото време, демонстрантите не се поколебаа да излезат на собир и да го искажат својот револт.

Во неделата вечерта пред паралментот започна протестот под мотото „Бојкотирам уставни измени“. Организаторите на овој протест велат дека сакаат да го кренат гласот против нелегалната промена на името и бришењето на АСНОМ.

Организаторите велат дека ова е протест на кој народот ќе го крене гласот против нелегалната промена на името и бришењето на АСНОМ.

Протестот можете да го следите во живо:

Најавата за протест, ја пренесуваме во целост:

Во согласност со ПРОГЛАСОТ на #Бојкотирам уставни промени се организира натпартиски и сенароден протест за да го спречиме генерацискиот грев и да ја зачуваме Република Македонија за идните поколенија.

#Бојкотирам уставни промени е народна побуна против легитимизација на историското предавство преку нелегално и фингирано 2/3 мнозинство за промена на уставот на Република Македонија, кое делува спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30-ти Септември.

Бараме:
– Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.
– Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.
– Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.
– Трајна заштита на името на државата, Македонија.
– Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.