ВО ЖИВО: Протест пред Собранието -„Никогаш Северна, секогаш Македонија“

Под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ пред Собранието на Република Македонија се одржува протест против Договорот за промена на името во организација на група граѓани „Млади за Македонија“.

Пред почетокот на протестот групата на нивниот ФБ профил објавија порака со која апелираат на воздржување од насилство и напади врз полицијата.

– По никоја цена не смее да се дозволи напади на полицијата, а ние се оградуваме од секаков вид насилство. Ве повикувме сите вие да се воздржите од насилство и да превенирате насилство. Ние се оградуваме од секој вид насилство, говор на омраза или недолично однесување, стои на ФБ статусот.