ВО ЖИВО Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево

Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ Кичево повика на сенароден протестен марш во градот кој ќе се одржи утре со почеток од 13 часот.

Секој нов ден значи нов пораз за Македонија и нејзините граѓани.Секој нов ден ни носи само нереализирани проекти, застој на капиталните инвестиции и распродажба на националните и државни интереси. На ваков начин, СДСМ ја навредува интелигенцијата на граѓаните и прави измислена поделба помеѓу нив, истакнаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кичево.