Во Злетово прегазен старец

Вчера утро во 07.35 часот на улица „Македонија“ во село Злетово, пробиштипско, патничко возило „фолксваген голф“ со кратовски регистарки ознаки, управувано од В.Т.(37) од село Кнежево, кратовско, удрило во пешакот С.С.(73) од село Злетово.

„Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му била укажана помош. Увид на местото извршила екипа од полициската станица Пробиштип“, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.