Водечкиот генерал на САД тајно се јавил во Кина стравувајќи дека Трамп ќе започне војна

129

Највисоко рангираниот американски генерал тајно двапати го повикал својот кинески колега во последните месеци од мандатот на Доналд Трамп, поради загриженоста дека американскиот претседател би можел да започне војна со Кина, бидејќи имало сигнали дека веројатно ќе ги загуби изборите, објавуваат американски весници.

Американскиот генерал Марк Мили, началник на Здружениот штаб на американската армија, го повикал Ли Зоученг од Народноослободителната армија на Кина на 30-ти октомври 2020 година, четири дена пред претседателските избори во САД и повторно на 8-ми јануари, два дена откако приврзаниците на Трамп влегоа во Конгресот тврдејќи дека изборите се украдени во полза на сегашниот претседател Џо Бајден, пишува весникот The Washington Post.

Во написот, кој се толкува како обид за дефокусирање на јавноста во периодот на сѐ пожестоките критики за претседателот Бајден во врска со несупехот во Авганистан, се наведува дека Мили во телефонските разговори се обидувал да го увери Ли дека САД се стабилни и дека нема да нападнат, а и доколку има напад дека својот колега ќе го извести претходно.

Од кабинетот на генералот Мили одбиле да го коментираат написот. Претставниците на Трамп, пак, „не било можно“ да се контактираат, пренесуваат медиумите.

Написот се темели на книгата „Peril“ која ја напишаа новинарите Боб Вудворд и Роберт Коста, која изведува заклучоци од интервјуа со 200 лица и која треба да биде објавена следната седмица, па ова се толкува и како нејзино промовирање.

Трамп го именуваше Мили на највисоката воена должнсот во 2018 година.

Се наведува дека Мили бил мотивиран да го контактира Пекнг вториот пат делумно и поради телефонскиот повик на претседателката на Преставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, која го прашала генералот кои мерки на заштита се на сила да го спречат „нестабилниот претседател“ од покренување нуклеарен напад, се наведува во извештајот кој се повикува на наводен транскрипт од разговорот.

„Луд е. Знаеш дека е луд“, му рекла Пелоси на Мили во телефонскиот разговор. А според наводниот транскрипт генералот одговорил „Во сѐ се согласувам со вас“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.