Водечките републиканци го отфрлаат „отровниот“ случај за импичментот на Трамп

338

Водечкиот републиканец во американскиот Сенат, Мич Мекконел ги повика во четвртокот колегите сенатори да го исправат она што го нарече „отровно“ отповикување на претседателот Доналд Трамп, со што го испрати досега најсилниот и најјасниот сигнал дека пратеници нема да го отстранат републиканскиот претседател од должноста.

Во остриот напад врз демократите, Мекконел, како челник на републиканското мнозинство во Сенатот, го обвини Претставничкиот дом во кој мнозинството го имаат демократите, дека му подлегнал на „партискиот гнев“ и „фракционерството“ кога во средата гласаат за отповикување на Трамп поради злоупотреба на овластувањата и попречување на истрагата на Конгресот.

Трамп, третиот американскиот претседател соочен со импичмент, веројатно ќе биде даден на судењето во Сенатот во јануари поради обвинувањата дека вршел притисок врз Украина да го истражи поради корупција неговиот веројатен ривал на претседателските избори следната година, поранешниот потпретседател на САД, демократот Џо Бајден.

Републиканцитео го контролираат Сенатот во кој има 100 пратениците, и ниеден од нив досега не се изјасни дека ќе го поддржи отповикувањето на Трамп. Отфрлувајќи го гласањето во Претставничкиот дом за импичментот како „избрзано“, Мекконел јасно даде до знаење дека Сенатот не бид трабло да го прогласи Трамп за виновен.

„Гласањето не е одраз на она што е докажано. Тоа е само одраз на нивните чувства кон претседателот. Сенатот тоа мора да го исправи. Овој Претставнички дом дозволи неговиот партиски бес кон овој конкретен претседател да создаде опасен нов преседатн кој ќе одекнува далеку во иднината“, истакна Мекконел.

Историското гласање беше спроведено по целодневната расправа во којашто демократите му возвратија на републиканскиот претседател со идентичната флоскула дека претставува „закана за американската демократија“, а републиканците постапката ја нарекоа „партиски пуч“, истакнувајќи дека Понтиј Пилат му осигурил повеќе права на Исус Христос отколку Претставничкиот дом на Доналд Трамп.

Претставничкиот дом во кој мнозинството го имаат демократите со 230 гласови „за“ и 197 гласови „против“ ја изгласа првата точка од обвинувањето која се однесува на злоупотребата на позицијата поради барањето Украина да го истражува влијанието на неговиот демократски противкандидат, поранешниот потпретседател Џо Бајден за влијание за запирање на истрага за корупцијав во која бил предмет и неговиот син, а што било условено со воена помош. За обвинувањето за попречување на истрагата во Конгресот, гласале „за“ 229 пратениц а 198 беа „против“.

Ова ќе биде третиот обид да се отповика американски претседател во историјата на САД, чиј устав предвидува можноста за импичмент на претседателот поради „сериозни злосторства и прекршоци“. Досега ниеден американски претседател не бил отповикан по оваа основа.

Трамп, кој во моменттот на гласањето беше на партиски собир во Мичиген ги отфрли обвинувањата и истграта која во септември ја започна претседателката на парламентот, демократката Ненси Пелоси „лов на вештерки“. Во текот на денот во низата објави на Twitter постпката ја нарече „напад врз Америка“ и врз Републиканската партија, истакнувајќи дека републиканците покажале единство, бидејќи во второто гласање тројца демократи гласале против постапката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.