Водич за зафатени девојки: Како да се храните здраво и да останете фит?

Наместете го алармот

Побарајте помош од алармот за редовно конзумирање вода. Збунетоста на организмот меѓу гладот и жедта е вообичаена работа и може да ги саботира вашите цели за здрава исхрана и форма. Чабан вели дека пиењето вода постојано во текот на денот може да ја спречи непотребната желба за грицкање меѓу оброците. Затоа наместете го алармот за да се потсетите дека треба да пиете вода на секој час.

Јадете протеини

Тие се мошне важни. Мускулите се како мали рерни што ги согоруваат мастите во организмот, а протеинот е она што им дава сила за да го прават тоа. Конзумирањето на поголема количина протеини ви носи поздрави мускули, подобро согорување на мастите и забрзување на вашиот метаболизам, вели Чабан.

Затоа би требало да јадете повеќе протеини и за време на ужината. Протеините што ги има во пилешкото, мисиркиното месо и рибата се најдобар избор, но тоа сепак не е згодна храна за „по пат“. Ако немате прилика да земете таков оброк, тогаш можете да го замените со протеински шејк на пример.
Многу е тешко да се најде храна што е нискокалорична, богата со протеини, а има добар вкус. Обидете се да внесувате протеини во организмот на секои три часа за да го забрзате метаболизмот.

Работете нешто

Кога станува збор за вежбање, запомнете – нешто е секогаш подобро од ништо. Тоа не значи дека мора д апоминувате часови во теретана, но би требало да создадете навика за вршење на физички активности. Постојат голем број веб страници, совети и вежби што можете да ги користите од два до три пати неделно. Пронајдете некоја активност што ви одговара и со која ќе се чувствувате подобро, па нека биде тоа и една обична прошетка.

И запомнете: Без разлика на тоа колку сте зафатени, морате да пронајдете време за себе!