Водици се празнуваше и во Општина Илинден

Со осветување на водите на езерото на хотелот Бест Вестерн Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на Општина Илинден масовно го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици.

Илјадници граѓани присуствуваа на положувањето на Богојавленскиот крст во водите на езерото. Студеното време не беше пречка во водите на езерото да се фрлат 63 верници, од кои најсреќен  беше 23-годишниот Александар Шарковски од населба Илинден, во чии раце се најде светиот крст.

vodici-ilinden-2

На најрадосниот учесник, од страна на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, како и  од претставници на јавните претпријатија, бизнисмени и граѓани му беа доделени повеќе подароци.

vodici-ilinden-3

Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“ од населба Илинден веќе 8 години по ред ја организира оваа манифестација која од година во година станува се помасовна. Како и во изминатите години за присутните на манифестацијата Општина Илинден обезбеди топли пијалоци, како и традиционалната пифтија.