Дваесетте шишиња водка коишто рускиот претседател Владимир Путин му ги испратил на поранешниот италијански Силвио Берлускони, ги кршат санкциите воведени поради руската инвазија во Украина, соопшти во четвртокот Европската комисија.
Поранешниот премиер Берлускони, чијашто партија Напред Италија (Forza Italia) ќе биде член на новата коалициска влада на Италија, предизвика претходно седмицава контроверзии изјавувајќи дека повторно е во контакт со Путин.
„За роденденот му испрати 20 шишиња водка и многу убаво писмо“, изјави Берлускони кој во септември наполни 86 години пред своите пратеници, според аудио-снимката којашто протече преку малку познатата новинска агенција LaPresse.
Санкциите на ЕУ воведени во април вклучуваат и забрана на увоз на рускиот алкохол, вклучително и водката, соопшти Европската комисија додавајќи дека нема исклучоци за подароците. Но државите членки треба да ги спроведуваат санкциите и не е познато дали италијанските власти ќе преземат нешто во врска со овој случај.